Сусамот е еден од најстарите зачини кој човекот го познавал уште од 1600 година п.н.е.
Неговите семиња во својот состав содржат масло кое е многу ценето поради неговата отпорност на расипување. Дополнително сусамот е исклучително богат со магнезиум, бакар, калциум, железо, цинк, омега 3, омега 6 како и витамините Е, Б1, Б2, Б3, Б6 – се она кои ни треба во ова бурно секојдневие за да бидеме комплетно здрави.
Уште еден бенефит кој може да се најде кај сусамот е и фитостеролот (за намалување на нивото на лошиот холестерол) како и фитоестрогени (сесамин кој има антиканцерогени својства и е погоден за луѓе со остеопороза, анемија, кардиоваскуларни проблеми, бремени жени, спортисти, студенти и најважно од се погоден е за сите оние кои сакаат да конзумираат врамнотежена и природна храна.
Освен добрите својства кои се корисни за здравјето, сусамот е познат и по своите вкусни квалитети каде често се наоѓа во улога на клучен зачин за многубројни јадења како и десерти.
KORONA се потруди да направи идеален спој на вкусна карамела и сусам и воедно го доби највкусниот бар десерт на светот.
Познато е дека уште од времето на нашите баби и дедовци овој совршен микс е омилено задоволство кај сите генерации.
Уживајте во најубавите барови познати ширум светот! KORONA барови!